Главниот град на Норвешка Осло ја повлече кандидатурата за организација на Зимските олимписки игри 2022 година. Причина за ваквата одлука на скандинавската земја е одбивањето на Конзервативната партија да даде поддршка за финансиската понуда.
– Се надевав на поинаков резултат. Разочаран сум, изјави градоначалникот на Осло Стијан Бергер Росланд.
Според информациите кои ги пренесуваат тамошните медиуми, пред гласањето конзервативците биле поделени околу тоа дали да ја дадат поддршката или не на финансиската конструкција, но на крај се одлучило да се гласа против.
Осло важеше за голем фаворит за добивање на „домаќинлакот“ на ЗОИ 2022 по успешно организираните игри во оваа земја пред 20 години во Лилехамер.
Во трката за добивање на Игрите во 2022 година се уште Пекинг (Кина) и Алмати (Казахстан).