Оскар Писториус се повредил во затворскаата ќелија

Од:

Јужноафрикански параолимпиец, Оскар Писториус (29), кој отслужува казна затвор поради убиство на неговата девојка, се повредил и е пренесен в болница, откако се лизнал и паднал во својата затворска ќелија, јавија медиумите во Преторија.

Претставник на затворот изјавил дека Писториус има повреда на рачниот зглоб и дека по укажаната лекарска интервенција бил вратен во неговата ќелија.

Тој одби да реагира на тврдењата на некои локални медиуми дека некогашната ѕвезда на спортот во Јужна Африка самиот се повредил, но неговиот брат ги отфрли таквите тврдења, нагласувајќи дека станува збор за измислени и неточни пишувања.

Писториус ја издржува затворската казна од шест години за убиството на неговата девојка, познатиот јужноафрикански модел Рева Стенкамп, што се случи во февруари 2013 година, во неговата вила во Преторија.

Претходно, тој беше осуден на пет години за ненамерно убиство, пукајќи низ затворнената врата на бањата во неговата куќа. Но, Обвинителството ја обжали пресудата и квалификацијата на делото, па тој беше обвинет и суден за убиство на Стенкамп.

Овојпат доби шестгодишна казна затвор, од која Обвинителството одново не е задоволно и поднесе нова жалба, тврдејќи дека казната е премногу мала.

Тој и во истрагата и на двете судења ѕврдеше дека ја убил Стенкамп по грешка, мислејќи дека во бањата има провалник.

Пред четири години, на Олимписките игри во Лондон, Писториус беше првиот параолимпиец во историјата кој со две ампутирани нозе до колена и со специјални протези, трчаше и во квалификациите на Олимпијадата во трката на 400 метри.

Тој е добитник на шест златни медали на Параолиписките игри.

Би можело да ве интересира

Оскар Писториус излегува на слобода

Катерина Ѓуровски

Писториус префрлен во друг затвор

Ана Ололовска

Можно условно ослободување за Оскар Писториус

Ана Ололовска

Писториус повреден во затворска тепачка

Ана Ололовска

За повеќе од двојно зголемена затворската казна за Писториус

Наум Локоски

Оскар Писториус осуден на шест години затвор за убиство

Емир Латифовиќ