Осака до публиката на Ју-Ес опен: Извинете што заврши вака

Од:

Младата jапонска тенисерка Наоми Осака ја освои првата гренд слем титула во кариерата, откако во финалето на Ју-Ес опен ја победи Серена Вилијамс со 2:0 во сетови.

Осака не го криеше задоволството од постигнатиот триумф, на кој за жал сенка фрли неприличното однсување на нејзината искусна противничка.

Вилијамс нервозно играше во текот на целиот натпревар, загуби и контрола над емоциите, потоа го искрши рекетот и во два наврати се расправаше со судијата. Американската тенисерка поради ваквото однесување беше казнета, а тоа предизвика незадоволство кај домашната публика.

– Знам дека навивате за неа, извинете што заврши вака… Во секој случај ви благодарам што го гледавте нашиот натпревар. Мечтаев да играм во финале на Ју-Ес опен со Серена и драго ми е што имав таква можност, истакна 20-годишната тенисерка во обраќањето до публиката.

Јапонската тенисерка со освојување на Ју-Ес опен ќе добие и парична награда од 3,8 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати

ВИДЕО: Шокантна елиминација на Алкараз од УС Опен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

ВИДЕО: Одигран е најлудиот меч во историјата на УО Опен