Организаторите на Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг најавија дека ќе ги дисквалификуваат спортистите и ќе ги им ги одземаат акредитациите во случај да ги прекршат мерките за борба против Ковид-19.
Ова го соопшти заменик-градоначалникот на Пекинг, заменик-шеф на Организацискиот одбор на Игрите-2022 Џан Џиандун.
– Со Меѓународниот олимписки комитет разговараме за некои детали. Неуспехот да се почитуваат анти-епидемиолошките мерки наведени во прирачникот може да доведе до спречување, привремено или трајно одземање на акредитација или дисквалификација на учесник на Игрите, суспензија од учество на натпревари, лишување од соодветни квалификации и други прилично сериозни последици, соопшти Џиандун.
Олимписките игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари.