Општина Битола ги заврши подготовките за ракометниот спектакл

Од:

Општина Битола заедно со неколку компании помагатели, ги завршија сите подготовки во спортската сала „Боро Чурлевски“ пред престојниот натпревар на Македонската ракометна репрезентација со репрезентацијата на Турција.

Деновиве заврши поправката на инсталацијата, се изврши сервисирање на рефлекторите, се уредија соблекувалните и тоалетите, а поставена е и специјалната подлога на теренот.

По речиси 15 години, повторно во Битола, Македонската ракометна репрезентација на свој терен ќе одигра меѓународен натпревар, во храмот на ракометот, спортската сала „Боро Чурлевски“, соопштуваат од Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир