ОНЕ, официјалниот спонзор на Македонската кошаркарска репрезентација, на денешната прес конференција, ги поздрави македонските кошаркари и им посака успех на претстојното Европско кошаркарско првенство, кое ќе се одржи во Словенија од 4 до 23 септември, 2013 г.
“Ми претставува чест и задоволство да бидам меѓу најдобрите македонски спортисти. Оваа екипа покажа дека со напор, пожртвуваност и тимска игра, успехот е неминовен, а потврда за тоа е пласманот на ЕП во Литванија. ОНЕ и тогаш беше со нив, а со нив одиме и на ЕП во Словенија. Уверен сум дека поддршката која ОНЕ и ја дава на најуспешната македонска спортска репрезентација, ќе ги однесе македонските кошаркари на врвот на листата на најпрестижниот Eевропски спортски настан годинава, EuroBasket 2013” – изјави Цирил Кафол, Генералниот извршен директор на ОНЕ.
“Нам во Македонската кошаркарска федерација како и на членовите на националниот сениорски тим ни е огромно задоволство што во сите овие години добиваме значајна поддршка од компанија како што е телекомуникацискиот оператор ОНЕ. Без пријатели како ОНЕ тешко се постигнуваат големи резултати. Соработката со вакви искрени подржувачи на кошарката е благодет за нас кои работиме во овој спорт. ОНЕ не испрати кон историскиот успех во Литванија, сега ова испраќање ќе ни биде среќно и за настапот на Еуробаскет Словенија 2013. Се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и натаму затоа што кога најдобрите соработуваат меѓусебе резултатите се неминовни” – изјави Даниел Димевски, претседателот на МКФ.
Кон крајот на месец јуни, годинава, ОНЕ- македонската подружница на Групацијата Телеком Словеније објави дека Телеком Словеније и ОНЕ ќе бидат спонзори на EuroBasket 2013. ОНЕ е силен подржувач на националниот спорт и четврта година по ред е официјален спонзор на Македонската кошарка, која на Европското првенство во Литванија 2011-тата со брилијантна игра и освоеното 4 место, успеа да обезбеди директен пласман на првенството во Словенија.