Олимписките игри во Сочи со приход од 1,6 милијарди долари

Од:

in

Зимските олимписки игри и Параолимписките игри одржани во Сочи во февруари 2014 година имаа приход од 85,4 милијарди рубли (1,6 милијарди долари) што е повеќе од двојно од сумата наведена во текот на процесот на кандидатура, соопшти Руската комора за ревизија, пренесува „Интерфакс“.

„Според резултатите од ревизијата, организациониот комитет на Сочи имаше 85,4 милијарди рубли приход. Организацискиот комитет го зголеми вкупниот приход во споредба со сумата што е наведено во кандидатурата за домаќин на Игрите за 110 отсто, односно за 47.600.000 рубљи”, соопшти Комората за ревизија, врз основа на резултатите од ревизијата на санацијата на прекршоците идентификувани при мониторингот на ефективното користење на државните ресурсите кои беа користени за подготовка и одржување на игрите во Сочи. Зголемувањето е „резултат на големиот број национални маркетинг партнери, од каде приходите беа 220 отсто или 33,6 милијарди рубли повеќе од планираното“, изјавија од Комората за ревизија.

Трошоците за организирање на Игрите беа 324,9 милијарди рубли, вклучувајќи 221 милијарда рубли за инвестиции во приватниот сектор, 103,3 милијарди рубли во федералните буџетски фондови и 0,6 милијарди рубли од буџетите на Краснодарската област и Сочи.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он