Олимпијакос против Реал Мадрид во финалето од Евролигата

Од:

Кошаркарите на Реал Мадрид се втори финалисти во Евролигата, откако „кралевите“ вечерва во Лондон ја совладаа Барселона со 74:67.

Барселона има за што да жали бидејќи каталонците имаа предност од девет поени во последната четвртина, но потоа следеше неверојатна серија на Реал од 17:2, со што „кралскиот клуб“ го направи потребниот исчекор кон победата во оваа беспоштедна битка.

Рејес одигра фантастичен меч под обрачите, каде токму благодарение на офанзивните скокови „кралевите“ го направија големиот пресврт.

Шпанскиот репрезентативец го заврши мечот со 17 поени и пет скокови (четири офанзивни), а мора да се одбележи и добриот настап на плејмејкерот Родригез, кој покрај 12-те поени имаше и девет асистенции. Бразилецот Хуертас беше најпрецизен во таборот на Барса со 19 поени, а на каталонците не им помогна ниту дабл-даблот на Анте Томиќ, кој го заврши ова полуфинале со 18 поени и 12 скокови.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он