Олимпијакос и Анадолу Ефес во борба за последното место за „Фајнл фор“

Од:

Екипата на Олимпијакос за која настапува македонскиот интернационалец Перо Антиќ и Анадолу Ефес ќе играат во мајсторката за обезбедување пласман на „Фајнл фор“ турнирот во кошаркарската Евролигата.

Натпреварот во Атина ќе започне вечерва од 20 часот и 45 минути.

Место во завршниот турнир синоќа обезбеди Барселона која со 64:53 го победи Панатинаикос и со вкупни 3-2 во победи стана третиот патник во полуфиналето од елитното натпреварување.

Претходно помеѓу четирите најдобри екипи се пласираа ЦСКА Москва и Реал Мадрид.

Завршниот турнир од Евролигата за сезоната 2012/13 ќе се игра во Лондон од 10 до 12 мај.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он