Тимот на Оклахома Сити го претрпе и третиот пораз во четвртиот натпревар во новата сезона во НБА лигата, откако ноќеска загуби на гостувањето кај Бруклин со 116:85. Поради повреди надвор од тимот се двајцата најдобри играчи Кевин Дјурант и Расел Вестбрук.
Во редовите на домашната екипа нај ефикасен поединец беше повратникот на теренот Брук Лопез, кој постигна 18 поени, а ова за него беше прв натпревар по паузата од 11 месеци.
На другите дуели одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Филаделфија – Хјустон 93:104, Мемфис – Њу Орлеанс 93:81, Далас – Бостон 118:113, Денвер – Сакраменто 105:110 и ЛА Клиперс – Јута 107:101.
Вечерва се играат осум натпревари: Индијана – Милвоки, Мајами – Хјустон, Њујорк – Вашингтон, Торонто – Оклахома Сити, Чикаго – Орландо, Њу Орлеанс – Шарлот, Портланд – Кливленд и ЛА Лејкерс – Феникс.