Оклахома повторно поведе во финалето против Голден Стејт

Од:

Кошаркарите на Оклахома по втор пат го поразија актуелниот НБА шампион Голден Стејт и поведоа со 2-1 во финалето на Западната конференција. Конечниот резултат е 133:105.

Домаќините по првиот период имаа шест поени предност (34:28), а веќе на полувреме убедливи плус 25 (72:47), по што победникот беше решен.

Предводници во новата победа за Оклахома беа Кевин Дјурант со 33 поени и осум скокови, и Расел Вестбрук кој постигна 30 поени со 12 скокови и 8 асистенции.

Во поразената екипа се истакна Стеф Кари со 24 поени.

Серијата продолжува ноќта вторник кон среда.

Вечерва се игра четвртиот дуел од финалето на Исток меѓу Торонто и Кливленд. Резултатот е 2-1 за Кливленд во серијата прв до четири победи.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on