Екипата на Оклахома Сити го совлада Сан Антонио на гостински терен во натпреварот број 5 од полуфиналето на плеј-офот во Западната конференција и поведе со 3-2 во добиени натпревари.
Натпреварот заврши со резултат 95:91, а беше решен во последната четвртина која гостите ја добија со 26:19.
Предводник во победата на Оклахома беше Расел Вестбрук со 35 поени, 11 скокови и 9 асистенции.
Следниот натпревар меѓу овие две екипи се игра ноќта меѓу четврток и петок на теренот на Оклахома.
Вечерва играат:
Голден Стејт – Портланд (3-1 во победи) и
Торонто – Мајами (2-2).