„Охрид Ултра-Треил“ – 100 километарска трка во планинско трчање на Галичица

Од:

Следната година од 22 до 24 мај, охридско-преспанскиот регион ќе биде домаќин на новото издание на трката „Охрид Ултра-Треил“, настан кој со една од своите трки оди во доменот на ултра-треил трчањето.

Настанот ќе биде составен од три трки во планинско трчање кои во текот на целиот викенд ќе се одвиваат на планината и националниот парк Галичица. Првпат во овој регион една од трките која ќе се организира ќе има должина од 100 километри со старт и финиш во Охрид.

Останатите две дистанци се минатогодишната 62-километри долга трка со старт од Св. Наум која минува низ целиот гребен на Галичица и финишира во Охрид, а организаторите припремија и пократка трка од 18 километри за љубителите на побрзи трки и соодветна за оние кои се запознаваат со планинското трчање.

Минатата година „Охрид Треил” го имаше своето премиерно издание со две трки од 60 и 35 километри на кои учествуваа 140 учесници. Овие настани претставуваат нова гранка во авантуристичкиот туризам нудејќи колективна тура низ планински терен со посебен акцент на компететивност, колегијалност, другарување, запознавање, мулти-културализам и чувство за себенадминување.

Засега, „Охрид Ултра-Треил” ќе биде единствена трка со должина од над 100 километри во календарот нашата држава.

Пријавите ќе бидат отворени во првата половина од декември на официјалната веб-страна www.ohridtrail.mk.

Би можело да ве интересира

Утре истекува рокот за пријавување за атлетската трка „Трчаме за Рацин“

Ана Ололовска

Државно првенство во планинско трчање на Пелистер

А1он

Поп Арсова и Ивановски старо-нови шампиони во полумаратон

Ана Ололовска

Штафетна трка за тимови од бизнис секторот

Ана Ололовска

Хајн од Австрија победник на „Охрид Ултра Трејл“

Ана Ололовска

Пендаровски до учесниците во Охрид Ултра-Треил: Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух

Ана Ололовска