Охрид остро ја осуди одлуката на РФМ

Од:

Казната која ја доби РК Охрид 2011 во висина од 120 илијади денари и тромесечна суспензија на тренерот Горан Андоноски, вистински ги разбуди страстите во градот под Самоиловата тврдина од каде најавуваат низа акции за обезбедување правда пред сите домашни спортски институции.

Општина Охрид денес се произнесе околу последните случувања во врска со РК Охрид и очигледн охриѓани се огорчени од одлуката на РФМ:

“Наместо да бидат казнети виновниците, кои физички ги нападнаа играчите и стручниот тим на РК “Охрид 2011” и со класичен линч сакаа да се пресметаа со ракометарите, наместо да се согледаат последиците врз младите охридски спортисти кои со специјални полициски сили беа извлекувани од салата во скопски Чаир, гневот на Ракометната Федерација се насочи кон ракометниот клуб од Охрид. РК “Охрид 2011” е казнет со одземање на бодови, со парична казна во висина од 120.000 денари и забрана за водење на клубот од три месеци од страна на екс-репрезентативецот на Македонија и сегашен тренер на клубот, Горан Андоновски.

Ракометната Федерација на Македонија, преку ваквата одлука јасно се стави на страна на насилството во спортот, казнувајќи ги охриѓани и Охрид и отворајќи простор за сомежи и скриени намери на челниците на РФМ. Со ова се уништува ракометниот спорт во градот, се стопира спортската иднина на многу млади лица, кои преку ракометот имат желба да ги докажуваат своите спортски квалитети.

Охрид во минатите години беше домаќин на неколку младински Светски и Европски првенства во ракомет и во машка и во женска конкуренција. Охрид е едно од локалциите кои Балкански и Европски клубови го избираат за своја тернинг-база во припремниот период. Охрид има ракометен клуб “Охрид 2011” кој е продолжение на ракометната традиција во градот и кој денес е расадник на голем број на ракометни таленти. Никој нема право да ја уништува иднината на младите и да ја деградира работата на голем број професионалци и вљубеници во ракометниот спорт.

Локалната самоуправа уште еднаш го искажува своето разочарување од сите зад кулисни случувања кои ја пратат работата на Ракометната Федерација на Македонија и истовремено дават целосна поддршка на РК “Охрид 2011″ во нивните натамошните чекори” – стои во соопштението на општина Охрид, а во текот на утрешниот ден раководството на РК Охрид свика вонредно отворено собрание на коешто ќе се согледаат сите можности и опции клубот и понатаму да опстои, но исто така да се бара начин да престане самоволието на водечките луѓе во федерација.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ