Во термините од 14 часот и 30 минути, 17 часот и 45 минути и 21 часот, ќе започнуваат сите натпревари од првата фаза на Европското кошаркарско првенство кое од 4. до 22. Септември оваа година ќе се одржува во Словенија.
На шампионатот ќе настапи и репрезентацијата на Македонија, која ќе игра во Б групата во Јесенице, а во конкуренција на Црна Гора, Литванија, Србија, Босна и Херцеговина и Летонија, нашите кошаркари ќе се обидат да освојат едно од првите три места кои носат учество и во следната фаза.
Распоред на натпревари на репрезентацијата на Македонија:
4. септември Македонија – Црна Гора (почеток 17:45 часот),
5. септември Македонија – Литванија (21 часот),
6. септември Македонија – Србија (21 часот),
8. септември Македонија – Босна и Херцеговина (14:30 часот),
9. септември Македонија – Летонија (14:30 часот).