Кошаркарот на Голден Стејт Стив Кари продолжува со извонредните игри со кои се наметна како најдобар играч на почетокот од сезоната во НБА. Тој во голем стил го предводеше својот тим до триумф на гостувањето против Њу Орлеанс со 120:134.
Кари беше незапирлив за противничките кошаркари, па го заврши мечот со неверојатни 53 поени. Покрај поените, Кари имаше девет асистенции и четири украдени топки.
Њујорк Никс изненади со триумф на гостувањето против Вашингтон од 110:117, а најзаслужен беше Кармело Ентони со 37 поени.
Мемфис рутинирано запиша победа на мечот со Бруклин Нетс, од 101:91. Мајк Конли со 22 поени беше најефикасен кај Мемфис.
Резултати: Вашингтон – Њујорк 110-117, Мемфис – Бруклин 101-91, ЛА клиперс – Сакраменто 114-109, Портланд – Феникс 90-101, Њу Орлеанс – Голден стејт 120-134, Индијана – Јута 76-97.