Шест репрезентации имаат максимален ефект во досегашниот тек од кваификациите за Еуробаскет 2017 што значи победи на сите одиграни натпревари.
Тоа досега го направија селекциите на: Белгија, Русија, Полска, Словенија, Црна Гора и Унгарија. На синоќа одиграните дуели највозбудливо беше во Тбилиси каде Црна Гора минимално ја победи Грузија. Воедно овие селекции на половина од квалификацискиот циклус се со големи шанси да изборат учество на Еуробаскетот.
Резултати на дуелите од 3.коло:
А група: Белгија – Исланд 80:65, Швајцарија – Кипар 76:80.
Табела: Белгија 6, Исланд 5, Кипар 4, Швајцарија 3.
Б група: Германија – Холандија 71:75, Австрија – Данска 86:66.
Табела: Германија 5, Холандија 5, Австрија 5, Данска 3.
Ц група: Шведска – Русија 73:85. Репрезентацијата на БиХ беше слободна.
Табела: Русија 4, БиХ 3, Шведска 2.
Д група: Белорусија – Португалија 72:62, Полска – Естонија 78:64.
Табела: Полска 6, Естонија 5, Белорусија 4, Португалија 3.
Е група: Бугарија – Косово 105:84, Словенија – Украина 81:77.
Табела: Словенија 6, Украина 5, Бугарија 4, Косово 3.
Ф група: Словачка – Албанија 69:60, Грузија – Црна Гора 74:76.
Табела: Црна Гора 6, Грузија 5, Словачка 4, Албанија 3.
Г група: Македонија – Унгарија 66:76, Велика Британија – Луксембург 95:72.
Табела: Унгарија 6, В.Британија 5, Македонија 4, Луксембург 3.
Натпреварите од 4.коло ќе се играат во сабота 10.септември.