На 23.то Светско ракометно првенство што се одржува во Шпанија синоќа беа комплетирани натпреварите од 2.коло со одигрувањето на дуелите од Ц и од Д групите.
Беа постигнати следниве резултати:
Ц група (Сарагоса): Јужна Кореја – Словенија 27:34, Белорусија – Србија 28:34 и Саудиска Арабија – Полска 14:28.
Табела: Полска 4 бодови, Словенија 4, Србија 4, Белорусија 0, Јужна Кореја 0, Саудиска Арабија 0.
Д група (Мадрид): Алжир – Хрватска 20:31, Египет – Шпанија 24:29 и Австралија – Унгарија 13:43.
Табела: Унгарија 4, Хрватска 4, Шпанија 4, Египет 0, Алжир 0, Австралија 0.
Денеска се играат натпреварите 3.коло во сите четири групи, а двојките се:
А група (Гранољерс): Тунис – Црна Гора, Германија – Аргентина и Франција – Бразил.
Табела: Франција 4, Тунис 2, Германија 2, Аргентина 2, Бразил 2, Црна Гора 0.
Б група (Севиља): Катар – Русија, Македонија – Исланд, Данска – Чиле.
Табела: Данска 4, Македонија 4, Русија 2, Исланд 2, Катар 0, Чиле 0.
Ц група (Сарагоса): Јужна Кореја – Белорусија, Србија – Саудиска Арабија и Словенија – Полска.
Д група: Алжир – Египет, Шпанија – Австралија и Хрватска – Унгарија.