Одигран првиот натпревар од 14.коло во АБА лигата

Од:

Со натпреварот Црвена Ѕвезда – Сплит кој заврши со убедлива победа на белградскиот тим од 94:67 синоќа започна 14.коло од регионалната кошаркарска АБА лига.

Освен првата четвртина која ја добија гостите од Сплит со 21:16, Црвена Ѕвезда ги доби следните три периоди со 26:16, 26:15 и 26:15.

И македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром својот дуел од ова коло требаше да го игра синоќа, но поради временски неприлики гостинскиот тим Цибона не успеа да допатува навреме во Скопје, па средбата е презакажана за утревечер.

Двојките за другите натпревари од оваа рунда се: ( денеска) Шолнок – Крка и Задар – Партизан; (утре) Цедевита – Будуќност, Игокеа – Широки Олимпија – Раднички.

Табела: Игокеа 11-2 (победи-порази), Партизан 9-4, Црвена Ѕвезда 9-5, Цедевита 8-5, Будуќност 7-6, Раднички 7-6, Унион Олимпија 7-6, МЗТ Скопје Аеродром 7-6, Цибона 5-8, Задар 5-8, Крка 5-8, Сплит 5-9, Широки 5-8, и Шолнок 3-10.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он