Македонската одбојкарска репрезентација го обезбеди второто учество на Европско првенство. Нашите најдобри одбојкари пласманот меѓу најдобрите на контиентот го заверија со победата против фаворизираната Турција со 3-1 (25:19,21:25,25:23,25:18) во сетови во последниот натпревар од квалификацискиот турнир.
Иако дел од квалфикациските турнир се во тек, а дел од нив не се почнати, македонската репрезентација има сигурен пласман на првенството поради тоа што дефинитивно ќе биде меѓу петте најдобро палсирани во групите кои обезбедуваат учество на ЕП.
Претходно одбојкарската репрезентација забележа и две победи над селекцијата на Босна и Херцеговина. Загуби и еден дуел од Труција и по двата турнира на кои бевме домаќини завршува на втората позиција со девет бода колку што имаат и Турците кои имаат подобар сет количник.