ВИДЕО: Холандија денеска втор противник на македонските одбојкари на ЕП

Од:

По ден одмор по поразот од 3-1 на отворањето на Европското првенство (ЕП) од кодомаќинот Финска, македонските одбојкари денеска во второто коло за противник ја имаат Холандија.

Својот воведен натпревар холандските одбојкари го одиграа вчера, забележувајќи максимална победа од 3-0 против Шпанија, и во улога на апсолутен фаворит влегуваат во дуелот со македонските одбојкари.

Во македонскиот табор, сепак, преовладува оптимизам и уверување дека атмосферата во репрезентацијата не е разнишана по почетниот пораз.

– Дојдени сме да играме. Не се откажуваме. Ќе биде се подобро, ќе се ослободиме од почетниот грч и, исто како на претходното Европско, мислам дека во подоцнежните натпревари ќе биде многу подобро, изјави репрезентативец Филип Деспотовски пред натпреварот со Холандија што започнува во 19 часот

Би можело да ве интересира

Македонските одбојкари отпатуваа во Финска на второ учество на Европските првенства

Одбојкарите повторно меѓу континеталната елита: Обезбедија пласман на Европското првенство

Катерина Ѓуровски

Mакедонските одбојкари вторпат ја совладаа БиХ во квалификациите за ЕП

Жарко Настоски