Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Косово Фадиљ Вокри го обвини претседателот на УЕФА Мишел Платини, зашто Косово и натаму не може да учествува на меѓународните фудбалски натпревари.
Проблемот е во тоа што постои правило, по кое квалификации можат да играат само репрезентациите на земјите кои се признати од Обединетите Нации.
Ако за сега Косово го признаваат само 37 земји од 53 членки на УЕФА, поради правилото кое се однесува на ОН, Косово нема да може да игра на следните квалификации за Европското првенство. Тоа правило беше донесено откако на репрезентацијата на Гибралтар најпрвин и беше дозволено да учествува на меѓународните натпревари, но одлуката беше повлечена откако Фудбалскиот сојуз на Шпанија се закани дека ќе ги повлече најголемите клубови Реал и Барселона од европските натпреварувања.
Неколку фудбалери кои потекнуваат од Косово играат за неколку репрезентации во Европа, а деветнаесет годишниот Гранит Џака, кој игра во Швајцарија, неодамна после мечот на Швајцарија со Албанија призна дека намерно го промашил голот за да не биде тој стрелецот против своите сонародници.