Одбележување на Европска недела на спортот

Од:

Со одигрување на два фудбалски натпревара помеѓу најдобрите тимови од основните и средните училишта, денеска на Арената Филип Втори ќе се одбележи Европската недела на спортот.

На стадионот истовремено ќе се одржат и ревијални натпревари во неколку атлетски  дисциплини со што ќе се промовира атлетската патека на Арената.

Целта на овој настан е да се зголеми свеста на младите, децата и на пошироката јавност за важноста на вклучувањето во рамките на активностите на училишните и универзитетски спортски клубови, како и промоција на резултатите постигнати во рамките на овие клубови.

Настанот ќе го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето