Од утре започнува продажбата на билети за Вардар – Фенербахче, најевтините чинат 2000 денари

Од:

Од утре започнуваат со продажба билетите за плеј-оф натпреварот од Лига Европа помеѓу Вардар и Фенербахче кој што ќе се игра на 17. август на Телеком Арената во Скопје.

Цените на билетите за овој натпревар се движат од 2000 до 3000 денари што наиде на остри критики кај поголемиот број фанови на Вардар.

Од македонскиот шампион соопштија дека фановите кои што имаат Вардар ПАС билети, оние што биле присутни на натпреварите со Копенхаген или Малме во ЛШ и оние кои ќе приложат билет од било кој минатосезонски натпревар на ФК Вардер ќе добијат 50 отсто попуст.

Билети ќе може да се купат само за западната и северната трибина, бидејќи целата јужна трибина е резервирана за навивачи на Фенербахче.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица