Кошаркарот на Чикаго Булс, Џими Батлер (23), сигурно ќе послужи како пример дека и покрај сите животни потешкотии, соништата можат да станат реалност.
Пред точно десет години, тогашниот 13-годишник Џими, го напушта татко му, мајка му поради проблемите со алкохолот го брка од дома и тој останува на улица.
Тогаш целиот негов свет се руши. Останува сам и морал да се снаоѓа да преживее. Се соочувал со многу предизвици, иако бил само дете. Често спиел во прифатилишта за бездомници или на улица.
Се појавува на еден натпревар за тројки во основно училиште во Хјустон, и бил забележан од постар натпреварувач, со кој подоцна се спријателува и неговите родители го посвојуваат иако имале шест други деца.
„Ме прифатија како нивно сопствено дете“, вели Џими.
Во сезоната 2006-07 за Tomball High училиштето постигнува 19 поени и 8 скока по натпревар, бил прогласен за најкорисен играч.
Во својата трета година од Marquette University бележи феноменални бројки, 15,7 поени и 6,1 скока по натпревар, што беше препорака за Чикаго да го драфтуваат 2011 година како 30 пик.
Сега е на добар пат да стане ѕвезда во НБА. Оваа година блескаше во НБА плејофот, поради повредата на Денг доби минутажа на позицијата ниско крило, постигнуваше во просек 13,3 поени и 5,4 скока, а тренерот Тибодо вчера најави дека следната сезона Батлер ќе биде стартер на позицијата бек.
Е.Л.