Центарот на Универзитетот Кентаки Карл-Ентони Таунс е избран за пик број 1 на годинашниов драфт во НБА што синоќа се одржа во Бруклин. Таунс е избран од екипата на Минесота, која имаше најслаб биланс во претходната сезона.
Како број 2 Лос Анџелес Лејкерс го избра бекот Д‘Анџело Расел од Охајо Стејт, додека Филаделифија како број 3 го избра центарот на Дјук Џалил Окафор.
Во Топ 5 се најдоа и двајца европски кошаркари. Следен на драфот како број 4 од страна на Њујорк Никс беше избран Летонецот Кристапс Порзингис, кој настапува на позицијата крилен центар и го носи дресот на Севиља, а број 5 на драфот е Хрватот Марио Хезоња. Тој игра на позицијата бек и оваа сезона настапуваше за Барселона.