Обрван: Сакам да му честитам на Ангелов за менталната сила

Од:

За прв пат на турнирот ролја на главен протагонист имаше Петар Ангелов, кој со серија на интервенции ја сопре офанзивната серија од првиот дел на австријците и успеа да ни донесе победа без многу треперење. Неговите 9 одбрани за 30 минути на голот, покажуваат дека во секое време треба да се смета на неговите услуги и може да ни бидат од голема корист. Селекторот Ивица Обрван не заборави да ја истакне силата и концентрацијата на голманот на Вардар:

„Сакам да им честитам на австријците за коректната игра, а на моите играчи на остварување на првата цел. Беше тежок, физички и психички меч, сепак ние ги извлековме последните атоми за победа. Ангелов влезе во игра и покажа карактер, имаше желба и го смени текот на натпреварот. Горд сум на неговиот настап како и на секој играч што ќе покаже таква ментална сила.. Борко Ристовски бранеше во одлична форма на досегашните средби, а Ангелов покажа дека во секое време може да се смета и на негова помош”, констатираше на прес-конференцијата нашиот селектор Ивица Обрван.

Извор: Кирил Лазаров 7

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ