Обрван: Ќе пробаме да бидеме први во групата

Од:

За ракометната репрезентација на Македонија денеска е слободен ден, а по трите победи утре следува дербито во групата со Хрватска, селекција која исто така има три триумфи.

– Имаме малку време за подготовка, но тоа е така за нас и за сите други. Не очекува тежок натпревар против Хрватска, селекција која секое првенство е меѓу првите 3-4 репрезентации. Со трите победи дојдовме во ситуација да се бориме за првото место во групата со Хрватска и ќе пробаме да ја искористиме оваа шанса. Во оваа работа нема емоции, јас сум со Македонија и со моите играчи и ќе бидам среќен со позитивен резултат. До крајот ни остануваат уште два тешки натпревара. Хрватска доминира со одбраната, изјави селекторот Ивица Обрван.

На прес-конференцијата беше и Филип Миркуловски според кого полуконтрите и контрите се најсилното оружје на Хрватите.

– Не очекува неизвесен натпревар и борба за прво место во групата. Ќе треба да ги спречиме нивните контри и полуконтри. Треба да се обидеме да ја играме нашата игра како на отворањето со Тунис, истакна Миркуловски.

Натпреварот Македонија – Хрватска од 4.коло во Б групата на Светското првенство се игра утре со почеток од 17 часот.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ