Обрван: Барам малку повеќе внимание во одбраната

Од:

Мечот со Австрија како да е вовед во елиминационите натпревари. Ова е еден од оние дуели кои ракометарите мора да го сватат како да се биде или не. Наша мала предност е тоа што ни одговара и нерешен резултат да ја оствариме целта, која се вика второ место во нашата група. Селекторот би корегирал само малку повеќе внимание во одбраната, за разлика од претходните мечеви:

„Ова е важен натпревар, клучен за нашиот мундијал. Нам ни одговара и бод, но Австрија е во добар ритам. Верувам дека играчите имаат сила и квалитет за уште еден добар и квалитетен натпревар. Одиме понатаму, иако и досега постигнавме многу. Наредниот ривал одигра еднаш нерешено, а загуби два разлика од Хрватска. Играат школски ракомет, долго се заедно и немаат промени, само едно ново име од минатата година. Ги респектираме, но одиме на победа. Мораме во одбраната да бидеме добри и така да имаме контрола над резултатот“, истакна селекторот Ивица Обрван. Тој во последен момент ќе одлучи дали ќе настапи Ацо Јоноски или ќе го заштеди за неделното осминафинале.

Share

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ