Обрадовиќ се враќа во Панатинаикос, Јасикевичиус во Фенербахче

Од:

Жељко Обрадовиќ би можел да се врати на клупата на Панатинаикос по седум години од разделбата со „зелените“ од Атина.

„Катимерини“ пишува дека српскиот стручњак е голема желба на газдата на клубот, Димитрис Јанакопулос, откако станува се поизвесно дека тренерот со девет евролигашки титули ќе замине од Фенербахче на крајот на сезоната.

Обрадовиќ веќе двапати одби да потпише нов договор со клубот од Истанбул, додека Панатинаикос е во потрага по наследник на Рик Питино кој се врати во САД поради пандемијата на коронавирус.

Српскиот тренер беше на клупата на Панатинаикос од 1999 година до 2013 година и со „зелените“ освои 12 шампионски титули во Грција и седум во националниот куп.

Во меѓувреме и Фенербахче се подготвува за замена на Обрадовиќ што многу веројатно ја најде во Литванецот Шарунас Јасикевичиус.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он