Тренерот на Локомотив Кубан, Саша Обрадовиќ е прогласен за најдобар оваа сезона во Еврокупот, беше објавено денеска на сајтот на ова натпреварување.
Српскиот експерт постигна историски резултат со тим од Краснодар, бидејќи го доведе до финалето со 20 победи, без пораз, нешто што досега никому не му успеало.
И претходниот рекорд го држеше Локомотив со биланс 19-1 во сезоната 2014/2015, кога го освои трофејот на Еврокуп, а сега ќе ја имаат истата шанса против Дарушафака.
Пред Обрадовиќ, признанието за најдобар тренер во Еврокуп го освоија познати експерти како Октај Махмути, Александар Петровиќ, Јуре Здовц, Фоцис Кацикарис, Андре Тринкијери, Педро Мартинез …