Нурмагомедов запира со ММА по два натпревари

Од:

Абдулмапан Нурмагомедов, кој е татко на непоразениот шампион во лесна категорија во УФЦ, навести дека Хабиб наскоро ќе се повлече од ММА.

Во минатото, Абдулманап изјави дека 30-годишна возраст е идеална за еден борец да ја заврши кариерата во борбените спортови. „Орелот“ ја зголеми својата победничка низа на 28-0 во ММА, откако го совладаа Дастин Порие минатиот викенд.

Сè уште не е јасно кога и каде ќе ја видиме следната битка на Хабиб, но опциите за него се борба со Тони Фергусон или Џорџ Сент Пјер.

Абдулманап во интервју сподели дека Хабиб ќе замине во пензија по уште 2 победи кога ќе направи 30-0 во ММА.

-За Хабиб, статистика од 30-0 е доволно во ММА. Ќе бараме неговата последна борба и одбрана на титулата да биде во Москва, вели тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Илија Топурија брутално го нокаутира Макс Холовеј

Убијците чекале две години за да му се одмаздат на српскиот репрезантивец и ММА борец

Путин ми уплати 150.000 долари, тврди американски ММА борец

Јутјубер претепа ММА борец и му понуди реванш од десет милиони долари

Горан Наумовски

Најбрзиот нокаут некогаш виден во ММА светот: Наместо поздрав, по две секунди доби удар во глава

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: На мексикански ММА борец од ударите му експлодира увото

Предраг Петровиќ