Новогодишната НБА ноќ во знакот на Харден

Од:

Кошаркарот на Хјустон, Џејмс Харден во новогодишната ноќ оствари рекорден „трипл-дабл“ со 53 поени, 16 скокови и 17 асистенции и стана првиот играч со реализирани повеќе од 50 поени, над 15 скока и повеќе од 15 асистенции на еден натпревар од НБА лигата.

Одлична партија прикажа и Расел Весбрук кој во триумфот над Оклахома над Клиперс учествуваше со 16. трипл-дабл за него оваа сезона (17 поени, 12 скока и 14 асистенции).

Резултати на ноќеска одиграните дуели во НБА лигата:

Сакраменто – Мемфис 98:112,
Шарлот – Кливленд 109:121,
Чикаго – Милвоки 96:116,
Хјустон – Њујорк 129:122,
Оклахома – ЛА Клиперс 114:88,
Јута – Феникс 91:86.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 29-5 (победи-порази), Сан Антонио 27-6, Хјустон 26-9, Јута 21-13, Оклахома Сити 21-13, Мемфис 22-14, ЛА Клиперс 22-14, Сакраменто 14-19,…

Пласман Источна конференција: Кливленд 25-7 (победи-порази), Торонто 22-10, Бостон 20-14, Шарлот 19-15, Атланта 17-16, Милвоки 16-16, Вашингтон 16-16, Њујорк 16-17, Чикаго 16-18,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on