Германскиот кошаркар Дирк Новицки изјави дека Марк Кјубан, сопственик на тимот Далас Маверикс, кадешто настапува Новицки, не го пушта да игра за нациналниот тим на претстојното Европско певенство во Словенија, наредната година.
„Европско првенство? Тоа отпаѓа, бидејќи сопственикот на мојот тим не ме пушта да играм за Германија“, изјави Новицки.
Германецот се уште нема настапено за тимот на Далас, сезонава. Тој се уште се нема опоравено од операцијата на коленото, а беше најзаслужен што Далас Маверикс пред две години го освои шампионскиот прстен во НБА лигата.
„Би било убаво да се вратам пред новогодишните празници, но тоа не зависи од мене туку од лекарите“, додаде Новицки.
Ослабената, Германија на ЕП ќе игра во А групата со селекциите на Франција, В. Британија, Украина и Израел.