На Светското првенство во ракомет во Катар денеска на програмата се уште четири осминафинални дуели по што ќе бидат познати четвртфиналните двојки.
Европскиот и олимписки шампион Франција ќе игра против Аргентина, Германија за противник го има Египет, Шведска ќе игра против Полска, а Данска за ривал ја има селекцијата на Исланд.
На вчера одиграните осминафинални дуели беа постигнати следниве резултати: Македонија – Словенија 28:30, Катар – Австрија 29:27, Хрватска – Бразил 26:25 и Шпанија – Тунис 28:20.
Македонската селекција вчера по поразот од Словенија ги загуби шанси за пласман во ТОП 8, но се уште остануваат шансите за Олимписки квалификации преку Европското првенство во Полска 2016 година.
Што се однесува до пласманот од 9-16.место, се одредува според вкупниот биланс на репрезентациите елиминирани во осминафиналето, Македонија теоретски може шампионатот да го заврши на 9.место.
Денеска се играат и натпреварите за пласман од 17 до 24.место.
Македонската репрезентација околу 13 часот по локално време си заминува од Доха.