Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ изјави дека се уште не знае дали ќе игра на Мастерсот во Монте Карло и додаде дека одлуката ќе ја донесе во вторник.
„Зглобот е се подобар, но ќе играм само под услов ако сум сто отсто подготвен. Имам време до вторник и заедно со мојот тим ќе ја донесеме одлуката. Во секој случај да не станува збор за Мастерсот во градот каде што живеам, сигурно не би ризикувал“, изјави Ѓоковиќ и додаде дека настапите во Мадрид, Рим и Ролан Гарос не се доведени во прашање.
Новак го повреди зглобот на мечот против Сем Квери во четвртфиналниот дуел на Дејвис Купот, помеѓу САД и Србија.
Мастерсот во Монте Карло се игра за награден фонд од 2,7 милиони евра.