Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето во Индијан Велс, но сепак ќе си замине со трофеј во Мајами.
Србинот доби трофеј во Индијан Велс, а неговите фанови уште еднаш се обидоа да го изненадат.
-Не сум задоволен како го одиграв натпреварот, но тоа е животот. Не може секогаш се да ни оди од рака. Дел Потро заслужено победи и му посакувам се најдобро. Од секое искуство учам, па така и од ова, а можноста за поправен испит е во Мајами. Заминувам од Индијан Велс со многу драг подарок, од моите фанови – напиша на својот „Фејсбук“ профил првиот тениски рекет.
Елена Георгиевска