ВИДЕО: Новак се мачеше со Вукиќ, но победи во Калифорнија по пет години

Од:

Новак Ѓоковиќ со победа го започна натпреварувањето на Мастерсот во Индијан Велс.

Најдобриот светски тенисер се пласира во третото коло на првиот Мастерс сезонава победувајќи го Австралиецот Александар Вукиќ со 6:2, 5:7, 6:3.

Тоа беше негова јубилејна, 400-та победа на Мастерс турнирите.

Новак во следното коло ќе игра против Италијанецот Лука Нарди кој со 6:3, 3:6, 6:3 го совлада Кинезот Јижен Жанг.

Требаа пет години за да се види на еден од најголемите тениски стадиони, во прекрасен комплекс во калифорниската пустина.

Звучи неверојатно што толку долго не играше на некој од турнирите кои често ги освојуваше, но такви беа околностите.

Би можело да ве интересира

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

„Тоа не треба да ме прашувате за Новак“: Францускиот тенисер изненададен

А1он

Усташки симбол преку лицето на Новак Ѓоковиќ

А1он