Новак римската круна ја брани против Надал

Од:

Рафаел Надал и новак Ѓоковиќ че играат во финалето на петиот Мастерс турнир од серијата 1000, што се игра во Рим, откако третиот рекет во светот, во првото полуфинале успеа да го совлада сонародникот Давид Ферер во шпанската пресметка, со 2:0. Додека Ѓоковиќ славеше против Федерер со ист резултат.

По голема борба, Надал го доби првиот сет во тај брејк со 8:6 за 85 минути, за во вториот да не му препушти гејм, во мечот што вкупно траеше, два часа и шест минути.

Надал го совлада Ферер 16 пат во нивната 20 меѓусебна пресметка, додека најтрофејниот во Рим, во седмото финале за шестата титула од Мастерсот ќе се бори против бранителот на титулата Србинот Новак Ѓоковиќ кој го совлада Рожер Федерер со 2:0.

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино