Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата

Од:

Новак Ѓоковиќ заврши на насловната страница на познатиот магазин „Спорт илустрејтед“, каде даде ексклузивно интервју во кое откри неколку интересни детали, како на пример како Рафаел Надал го изнервирал во соблекувалната на Ролан Гарос пред финалето во 2012 година.

Покрај приказната за борба од мали нозе, ментална сила, исхрана, начин на живот, Новак одговори и на прашањето кога би можел да се пензионира и да ја заврши кариерата.

Кога тоа прашање му беше поставено на крајот од интервјуто, Новак не даде конкретен одговор, бидејќи очигледно нема поставено временско ограничување и е подготвен да игра се додека се чувствува добро на теренот и додека е конкурентни во борбата со помладите играчи.

– Можеби ќе биде поблизок моментот кога ќе престанам да победувам на Грен слемовите и кога нема да можам да бидам меѓу главните кандидати за големи титули. Кога младите момци ќе почнат да ме клоцаат, тогаш веројатно ќе почнам да размислувам и да се прашувам дали да продолжам. Но, засега се е во ред – изјави Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Чехот, Томаш Махах

(ВИДЕО) Новак пцуеше по победата на АО – поради провокатор не можеше да го сокрие бесот

А1он

Еден од најтешките порази во кариерата на Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ го совлада Монфис и се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн

Ѓоковиќ: Планирам да играм на повеќе турнири од минатата сезона

Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари 2025 година на турнирот во Доха