Новак Ѓоковиќ конечно го комплетираше Гренд слемот

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ конечно успеа да го освои „Роланд Гарос’’
Во финалето на вториот овосезонски Гренд слем турнир во Париз, Ѓоковиќ во четири сета беше подобар од Енди Мареј.

Иако Британецот го доби првиот сет со 6:3, сепак во следните два Ѓоковиќ беше доминантен и ги реши во своја полза со 6:1 и 6:3. Во четвртиот сет Србинот ја пропушти првата можност на свој сервис да стави крај на мечот, но веќе во втората тоа му успеа добивајќи го сетот со 6:4, за конечни 3:1.

Со тоа Ѓоковиќ стана само вториот тенисер во историјата кој истовремено е сопственик на трофеите на четирите Гренд слем турнири, а деветтиот играч по: Надал, Федерер, Емерсон, Лејвер, Пери, Агаси и Баџа, кој успеал да освои трофеи на турнирите од големата четворка.

Потсетување дека вчера во женското финале шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза ја победи над најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс со 2:0 во сетови и за прв пат во својата кариера триумфира на еден од Гренд слем турнирите.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен