Нова специјална подлога за ракометното игралиште на „Женска плажа“ во Струга

Од:

Во пресрет на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“, со поддршка од Спортските обложувалници „Моцарт“ реновиран е теренот на игралиштето „Женска плажа“.

Свеченото отворање на турнирот е закажано за 18 часот и 20 минути.

За вечерва се закажани и првите два натпревари од турнирот, кој годинава се враќа во полн сјај како во најдобрите времиња.

Учесници на 46. издание од реномираниот ракометен турнир се: Целје, Тулуз, Бешикташ, Железничар, Констанца, Алингсас, Еурофарм и домаќинот Струга.

Во сабота во рамки на турнирот се игра македонскиот Супер куп меѓу Вардар и Металург.

Дневните билети за натпреварите се продаваат по цена од 50 денари, а сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за Центарот за дијализа во Струга.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир