Нова пресврт победа на Ѓорческа за полуфинале во Бурса

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со победите на фјучрсот во Бурса (награден фонд 50.000 долари). Таа денеска повторно со пресврт во мечот ја совлада Екатерине Горгодзе од Грузија со 2-1 во сетови. Ова е втора идентична победа над тенисерката од Грузија откако првпат ја совлада во финалето на фјучрсот во Анталија во јануари годинава.

Во исцрпувачки меч што траеше 2 часа и 24 минути Ѓорческа победи со 4:6; 6:4 и 6:2 во гемови искористувајќи ја првата меч топка.

Првиот сет го доби Горгодзе со 6:4 во гемови и имаше предност од 4:1 во вториот сет кога нашата тенисерка направи пресврт и со серија од пет гема успеа да го добие сетот со 6:4 и да изедначи на 1:1. И во решавачкиот сет беше идентично ривалката поведе со 2:1 во гемови, а Ѓорческа направи нова серија од пет гема за 6:2 за пласман во полуфинале.

Утре Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот Ипек Сојлу (Турција, прва носителка) и Дениз Казаниук (Израел).

Ѓорческа попладнево ќе настапи и во полуфиналето на двојки каде со Валерија Страхова од Украина ќе играат против Акгул Аманмурданова (Узбекистан) и Натела Џаламидзе (Русија).

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен