Димитар Грабул постигна нова победа на фјучрсот во Сокобања и со тоа избори пласман во четвртфиналето. Грабул денеска го победи Данаил Тарпов од Бугарија со 2:0 во сетови. Во првиот беше 6:3, а во вториот 7:5.
Нашиот тенисер имаше два брејка повеќе во мечот од противникот 5-3.
Во четвртфиналето утре ќе игра против Мики Јанковиќ (4.носител од Србија), кој со 6-0 и 6-2 го победи Иван Шабанов од Хрватска.
Попладнево во полуфиналето во двојки Стефан Мицов и Французинот Александре Маса ќе играат против првите носители Јан Кунчик и Доминик Шуц.