Нова победа на Ѓорческа на турнирот во Шарлм Ел Шеик

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа нова победа на Фјучеср турнирот вредел 100.000 УСД, кој се одржува во Шарлм Ел Шеик, Египет.

Ѓорческа во мечот од втората рунда славеше триумф со 2:1 во сетови против Романката, Ана Богдан инаку третата носителка на овој турнирот.

Иако првиот сет кој траеше 31-минута го добои Романката со 6-1, сепак во вториот се играше далеку порамноправно. Ѓорческа направи брејк во шестиот гем, а веднаш потоа го освои гемот и на свој сервис за убедлива предност од 5-2. Сепак, романката успеа да стигне и до израмнување на 5-5, но не и да направи комплетен пресврт во вториот сет кој Ѓорческа го доби со 7-5, за израмнување на 1:1 во сетови.

Во решавачкиот трет сет, нашата тенисерка уште на самиот старт направи брејк и предност која ја одржуваше до самиот крај, па го доби сетот со 6-3 за со конечни 2:1 во сетови.
Во четвртфиналето Ѓорческа за противничка ќе ја има Сара Сорибес Тормо од Шпанија.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа заедно со нејзината Романката, Кристина Дину, во рамките од 2.коло за противнички ќе ги имаат Гвадалупе Перез Рохас од Аргентина и Џил Тајчман од Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен