Нова гостинска победа за Сан Антонио

Од:

Кошаркарите на Сан Антонио ноќеска ја продолжија успешната серија на гостински терен (14-1) од стартот на сезоната.

Сан Антонио славеше триумф на теренот на Феникс. Предводници кај „мамузите“ беа Каваи Леонард и Пау Гасол, кои постигнаа по 18 поени и заедно имаа 19 скокови (Леонард 10, Гасол 9).

Триумф ноќеска оствари и најдобриот тим во досегашниот тек на лигата Голден Стејт, откако на домашен терен го победи Њујорк.

Резултати на ноќешните натпревари: Милвоки – Чикаго 108:97, Њу Орлеанс – Индијана 102:95, Деневер – Портланд 132:120, Феникс – Сан Антонио 92:107 и Голден Стејт – Њујорк 101:90.

Пласман Источна конференција: Кливленд 18-6 (победи – порази), Торонто 18-7, Шарлот 14-12, Њујорк 14-12, Бостон 13-12, Чикаго 13-12, Детроит 14-13, Милвоки 12-12,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 23-4, Сан Антонио 21-5, ЛА Клиперс 19-7, Хјустон 19-7, Мемфис 18-9, Јута 16-10, Оклахома Сити 15-11, Портланд 13-15,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on