Македонскиот ракометен шампион Вардар забележа нова убедлива победа во регионалната СЕХА лига.
Во 10. меч сезонава Вардар славеше победа со 35-29 полувреме 17-15 гостуваат кај екипата словачката екипа Татран Прешов.
Тимур Дибиров со 8 голови беше најефикасниот ракометар на Вардар. Еден помалку постигна Хорхе Македа, а по четири придодадоа Александр Деревен и Жоан Канељас. Одличен настап имаше и голманот Петар Ангелов кој средбата ја заврши со 15 успешни одбрани.
Покрај овој натпревар се одиграа и дуелите, ППД Загреб – Извиѓач 34-29 и Мешков Брест – Горење 26-24.
Табела: Вардар 28 бодови, ППД Загреб 19, Мешков Брест 17, Веспрем 15, Цеље 12, Горење Велење 9, Нексе 7, Металург 4, Татран Прешов 3 и Извиѓач 0.