Нов „трипл-дабл“ на Расел Вестбрук

Од:

Расел Вестбрук продолжува со своите фантастични игри во дресот на Оклахома Сити.

Вестбрук одново беше предводеник на „Тандерси“ , овојпат во победата над Лос Анџелес Лејкерс со 110-93. Тој средбата ја заврши со учинок од 17 поени, 18 скокови и 17 асистенции, што е негов 28-ми „трипл-дабл“ сезонава.

Со тоа Вестрбрук стана е единственот играч од сезоната 1983/1984 кој остварил ваков учинок. Единствениот пак кој во историјата на НБА имал „трипл-дабл“ улинок од 20-20-20 е легендарниот Вилт Чемберлен кому тоа му успеало во сезоната 1967-68.

Од останатите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата, ја издвојуваме победата на Чикаго над Феникс со 128-121 и тоа по продолжението од пет минути.

На другите натпревари беа постигнати овие резултати:
Филаделфија – Вашингтон 120-112,
Индијана – Мемфис 102-92, Торонто – Бостон 107-97,
Милвоки – Јута 95-109, Минесота – Далас 97-84,
Атланта – Мајами 90-108, Денвер – Бруклин 129-109,
Лос Анџелес Клиперс – Сан Антонио 97-105.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on