Нов светскиот рекорд во играње тенис без прекин

Од:

Франк Фурман и неговиот син Денис од германскиот град Бајроит поставија нов светски рекорд во должина на играње тенис без прекин, јави агенцијата Анадолија.

Таткото и синот без прекин играле тениски меч 10 часа и 12 минути удирајќи го притоа топчето 51.004 пати, со што поставија нов светски рекорд.

Франк изјави дека навистина се измориле, но дека верува оти ќе биде потребно време некој друг да го собори овој рекорд.

Денис Фурман, кој студира спортска економија, изјави дека во почетокот било малку и напнато, но дека со време го „фатиле ритамот“ и потоа се одело како што треба.

Таткото и синот користеле пелени за возрасни за да не мораат да одат во тоалет, а со течности се снабдувале од торбите што ги носеле на грбот. Џеповите ги наполниле со храна за да можат да ја задоволат гладта.

Претходниот рекорд исто така го држеа татко и син, кои без прекин го удириле тениското топче 25.944 пати.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ