Македонските тенисери Димитар Грабул и Томислав Јотовски направија нов скок и подобрување на својот ранг. На најновата ранг листа на АТП, Димитар Грабул се наоѓа на 550. место со 52 поена, што е за три позиции подобро од претходната недела.
Томислав Јотовски има поместување од девет позиции и сега е на 921 место со 14 поени. И за двајцата играчи ова е најдобар ранг во нивната кариера.
Пласман уште имаат: Шендрит Дераи 1.277 место, Стефан Мицов 1.900 место и Бесир Дургути 2.058 место.
Нашите тенисери оваа недела ги продолжуваат настапите на фјучрс турнирите.